Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски повторно беше стрелец за неговиот АЕК Ларнака во плеј-оф разигрувањето од шампионатот на Кипар, но неговиот тим загуби на гостувањето од Олимпијакос со 2-1.
Тимот кој го предводи поранешниот македонски селектор Чеде Јаневски, со пресврт дојде до победата откако Тричковски погоди за гостите за 0-1 уште во 11. минута од пенал.
Во второто полувреме, домашните со два гола дојдоа до победата.
https://www.youtube.com/watch?v=sC0t1H_Po74&feature=emb_title