вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Избегната трагедија во Турција: Голманот на Сиваспор нокаутира играч (ВИДЕО)

Избегната трагедија во Турција: Голманот на Сиваспор нокаутира играч (ВИДЕО)

Фенаербахче славеше против Сиваспор во првенството на Турција со 1-3, но мечот го одбележа страшната повреда на Енер Валенсија.

Домашниот голман во обид да ја боксува топката буквално го нокаутира Валенсија кој беше во скок. Тој падна на теренот како покосен во бессознание и беше одведен со итна помош во најблиската клиника.

Сепак, прегледите покажаа дека тој има само мал потрес на мозокот, па Енер Валенсија заедно со тимот отпатува назад за Истанбул.