Поранешниот фудбалер на Манчестер сити и Арсенал, кој игра за Монца, Пабло Мари кажа дека се наоѓа во стабилна здравствена состојба, а исто така објави фотографија од болничкиот кревет на неговиот профил на Инстаграм.
Мари во изјава за медиумите кажа дека имал среќа при нападот затоа што во негова близина бил убиен еден маж, додека тој заработил полесни повреди.
„По тешкиот момент кој го имавме вчера, моето семејство и јас сакаме да ве известиме дека сме добро и сакаме да ви се заблагодариме за поддршката“, напиша Мари.