Во Фудбалската федерација на Македонија денес се одржа ждрепка за осминафиналната фаза од националниот куп.
Извлечени се следниве двојки:
Академија Пандев – Вардар
Македонија Ѓ.П. – Каменица Саса
Шкендија – Гостивар
Шкупи – Кит Го
Кожуф – Силекс
Струга Трим Љум – Работнички
Брегалница – Беласица
Ренова – Пелистер.
Натпреварите се закажани за 21 октомври.