Пред две години заврши како трет најдобар стрелец во турската Суперлига, ама очигледно годинава македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ цели на титулата прв стрелец во Турција откако синоќа даде четири гола за Јени Малатијаспор и стигна до првото место на листата на стрелци со седум гола во седум меча.
Уште пред стартот на сезоната Јаховиќ најави дека има цел од просек по еден гол на меч и најмалку 15 гола до крајот на есенскиот дел. Досега има седум во турскиот шампионат, а вкупно десет откако летово дојде во Малатија од Коњаспор. Даде три гола на четири меча во квалификациите во Лига Европа.
Но, со четворката против Денизли, Јаховиќ стана само петтиот фудбалер во последната деценија во турската Суперлига на кого му успеало да даде четири гола на еден меч. Последен со вакво остварување беше ѕвездата на Галатасарај, Бафетемби Гомис против Карабукспор во март 2018, а во изминатата деценија вакво нешто направиле и Фернандао против Карабукспор во 2015, Влеминцикс со Анталијаспор во 2013 и Алекс против Анкарагучу во 2011 година.
Уште поинтересно е што вторпат во последните три сезони, првиот хет-трик или повеќе голови на еден меч во сезоната во турскиот шампионат се дело на Јаховиќ. Првиот пат беше во сезоната 2017/18 за Гецтепе против Сиваспор.
Süper Lig’in son 10 sezonunda bir maçta 4 gol atan oyuncular:
Jahovic v Denizlispor – 04/10/2019 (4 gol)
Gomis v Karabükspor – 03/03/2018 (4)
Fernandao v Karabükspor – 09/05/2015 (4)
Vleminckx v Antalyaspor – 20/01/2013 (4)
Alex v Ankaragücü – 15/05/2011 (5) pic.twitter.com/UFclsy8zIj— Sporun Dibi (@sporundibicom) October 4, 2019