среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јамал стана најмладиот дебитант во историјата на Барселона

Јамал стана најмладиот дебитант во историјата на Барселона

Барселона со убедливи 4-0 го победи Бетис, а Ламине Јамал стана најмладиот играч кој дебитирал во првиот тим на Барселона, има само 15 години.

Барселона славеше убедлива победа над Бетис, се очекуваше дека ќе биде потешко за Каталонците, но работата им беше олеснета во 33. минута кога Гонзалез доби втор жолт картон. Во тој момент Барса водеше со 1-0.

Резултатот го отвори Кристенсен во 14. минута, а до крајот на првото полувреме голови дадоа и Левандовски и Рафиња. Во вториот дел Родригез си постигна автогол за победа на Барса од 4-0.

Во 83. минута во игра влезе Ламине Јамал и стана најмладиот дебитант во историјата на Барселона. Има 15 години, роден е на 13. јули 2007 година. Брзо по влегувањето имаше и шанса за погодок. Тој игра на десната офанзивна позиција, но може да игра и лево и како централен напаѓач.

„Ламине Јамал беше многу добар. Му реков да проба работи и тој го направи тоа. На 15 години, замислете…. За малку ќе дадеше и гол. Тој е посебен фудбалер, има самодоверба, може да биде голем играч, тоа се гледа на тренинзите“, изјави Чави по натпреварот.