Македонскиот репрезентативец, Јани Атанасов потпиша за полскиот тим Краковија, стави потпис на три ипол годишен договор.
На Атанасов договорот со Хајдук му истекуваше на лето, но Краковија сакаше да го има Македонецот уште во јануари, па плати обесштетување од 300.000 евра.
Атанасов потпиша три ипол годишен договор откако денеска ги помина медицинските прегледи.
23-годишниот Атанасов е фудбалер од Академија Пандев, првото меѓународно искуство му беше во Бурсаспор, од таму се пресели во Хајдук, а сега ќе го носи дресот на Краковија.