сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Јанкто одби тест за дрога, клубот го отстрани од тимот

Јанкто одби тест за дрога, клубот го отстрани од тимот

Репрезентативецот на Чешка и фудбалер на Спарта од Прага, Јакуб Јанкто (27), повторно ги полни насловните страници во чешките медиуми.

Два месеци откако обелодени дека е хомосексуалец, изјавувајќи дека сака да го живее својот живот „на слобода“, Јанкто се најде во проблеми со законот, управувајќи автомобил без возачка дозвола, која претходно му беше одземена, по што одбил лекарски преглед и тест за дрога.

Чешките медиуми јавија дека Јанкто бил сопрен од полициска патрола во близина на прашкиот стадион „Страхов“, и иако не бил под дејство на алкохол, одбил тест за дрога и да биде прегледан во здравствена установа.

Јанкто го управувал својот автомобил и без возачка дозвола, за што според чешките закони е предвидена казна затвор во траење до две години.

Чешкиот фудбалски прволигаш Спарта објави дека Јанкто е отстранет од тимот.