петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јапонците му врачија отказ на Халилхоџиќ на два месеци пред Мундијалот

Јапонците му врачија отказ на Халилхоџиќ на два месеци пред Мундијалот

Фудбалската федерација на Јапонија ја потврди информацијата дека ја прекинала соработката со босанскиот стручњак Вахид Халилхоџиќ и објави дека репрезентацијата на Светското првенство во Русија ќе биде предводена од нов селектор.

Како главна причина за неговиот отказ се наведуваат слабите резултати на пријателските натпревари против Мали (1:1) и Украина (1:2).

Јапонија на Мундијалот во Русија ќе биде предводена од домашниот стручњак Акира Нишино.

Халилхоџиќ и пред четири години се најде во слична ситуација кога ја однесе репрезентацијата  на Брегот на Слоновата Коска на СП, а два месеци пред Мундијалот во Бразил доби отказ.