Селекторот на поранешниот светски фудбалски шампион Германија, Јоаким Лев го објави конечниот список на фудбалери со кое ќе настапат на отворањето од квалификациите за Мундијалот во Катар во 2022 година.
Стратегот во заминување од селекторската клупа на „панцерите“ се реши да повика 26 фудбалери, од кои има двајца дебитанти и неколку повратници.
Најголемите надежи на Баерн Минхен и Баер Леверкузен Џамал Мусиала (18) и Флоријан Вирц (17) за првпат ќе го облечат германскиот дрес, а иако се шпекулираше дека ветераните Милер, Боатенг и Хумелс повторно ќе добијат повик, тоа сепак не се случи.
Интересно е тоа што и покрај проблемите со карантинот, Лев ги повика фудбалерите кои настапуваат во Англија Рудигер, Вернер, Хаверц и Гундоган.