сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јоаким Лев во националниот тим ги враќа Милер, Боатенг и Хумелс

Јоаким Лев во националниот тим ги враќа Милер, Боатенг и Хумелс

Германија е апсолутен фаворит во нашата квалификациска група, а според пишувањата на „Кикер“, се верува дека селекторот на „Панцирите“, Јоаким Лев ќе врати дел од фудбалерите кои беа отпишани под изговор дека се работи за подмладување на составот.

Се работи за Матс Хумелс, Томас Милер, како и Жером Боатенг, а „Кикер“, базирајќи се на блиски извори од репрезентацијата, тврди дека овој потег на Лев се должи на желбата да се врати репрезентацијата на старите победнички патеки.

Лев објави дека во јуни ќе се повлече од селекторската позиција, што наиде на чудење кај пошироката фудбалска јавноста, а некои сметаат дека ова ќе биде дополнителен удар кон „Панцирите“ кои бележат пад во формата што се одрази и на одредени натпревари, особено поразот од 6-0 од Шпанија.

Германија квалификациите за Светското првенство ги отвора во дуелот на домашен терен против Исланд на 25 март, а против нашата селекција игра во третото коло на 31 март на домашен терен.