Јован Манев стана стандарден дел од листите на селекторот Благоја Милевски, а фудбалерот кој е дел од македонскиот строј денеска си договори трансфер во Хрватска.
Македонскиот стопер е фудбалер на турска Адана и има договор со овој клуб, но до крајот на сезоната ќе игра во најсилната фудбалска лига во Хрватска за составот на Осијек.
Интересно, нашиот фудбалер во европквалификаиите ова лето како член на Адана играше против Осијек, но сега ќе ги брани боите на Хрватите до крајот на сезоната.