Англискиот Манчестер јунајтед побарал 120 милиони фунти за англискиот репрезентативец во своите редови Маркус Рашфорд, откако вчера бомбастично беше објавено дека се започнати преговори за негов трансфер во Пари Сен Жермен.
Според информациите на „ЕСПН“, ПСЖ за Рашфорд понудиле 60 милиони фунти, но „црвените ѓаволи“ немат намера да го продадат за таа сума и бараат двојно повеќе.
Со ова, скоро да е невозможно да се случи трансферот, зашто преголема е разликата од понудата и побарувачката, но и поради ставот на менаџерот Ерик Тен Хаг за овој евентуален трансфер.