недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јунајтед доби историска понуда, еве што нуди новиот потенцијален сопственик од Катар

Јунајтед доби историска понуда, еве што нуди новиот потенцијален сопственик од Катар

Долгонајавуваната продажба на Манчестер Јунајтед влегува во завршна фаза откако една од четирите заинтересирани страни ја достави својата официјална понуда.

Катарскиот шеик Јасим Бин Хамад ал Тани преку фондацијата „Шаик Јасим“ ја достави својата понуда до американските сопственици Глејзери, за откуп на сите акции на клубот.

-Понудата има за цел да го врати стариот сјај на клубот, на теренот и надвор од него. Ќе се фокусираме да ги вратиме навивачите во срцето и живеењето на Манчестер Јунајтед. Понудата ќе биде целосна, без долгови, со план за инвестирање во првата и останатите екипи, тренинг центарот, стадионот, инфраструктурата и заедниците кои го поддржуваат клубот, се наведува во соопштението на фондацијата.

Неофицијално, англиските медиуми пренесуваат дека станува збор за понуда помеѓу шест и седум милијарди фунти. Актуелните сопственици бараа за продажба на клубот шест милијарди фунти, а притоа да не го покријат долгот од 500 милиони фунти.

Британските власти веќе дадоа зелено светло за официјални преговори со заинтересирани страни кои доаѓаат од Катар.