вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Јунајтед ќе го одврзе ќесето: Осум играчи пристигнуваат на „Олд Трафорд“ – шест се веќе познати

Јунајтед ќе го одврзе ќесето: Осум играчи пристигнуваат на „Олд Трафорд“ – шест се веќе познати

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солшер планира да потпише дури осум фудбалери во наредните два трансфер периоди.

„Црвените ѓаволи“ веројатно ќе имаат повторно тешка сезона. Тимот игра навистина лошо, но Солшер има голема поддршка од клупскиот менаџмент, па ќе ги добие парите што му се потребни за да ги донесе играчите што ги сака.

А Солшер има навистина големи планови. Тој сака да донесе дури осум фудбалери во наредните два преодни рока, а некои од имињата се веќе познати.

Тимот на „Олд Трафорд“ е најзаинтересиран за двајца фудбалери на Лестер, Џејмс Медисон и Бен Чилвел, а се очекува за нив да понуди 130 милиони фунти.

Дефанзивниот дел од составот би можел да стане посилен за португалскиот играч од средниот ред Рубен Дијас, а наводно веќе е договорен и фудбалерот на Јувентус, Марио Манџукиќ.

Покрај Манџукиќ, Солшер би сакал да донесе и играчот од средниот ред Емре Џан во своите редови, а наводно тие се подготвени да го дадат Пол Погба за двајцата играчи во Јунајтед, секако Јунајтед би земал и пари за оваа размена.

Норвежанецот исто така сака да го откупи и договорот на својот сонародник Матијас Норман, кој игра одлично во дресот на Ростов. Се работи за играч од средниот ред, а овие шест фудбалери сега се водечки на списокот на засилувања на Јунајтед.

Покрај нив, Солшер сака уште двајца фудбалери на позиции за кои смета дека се дефицитарни, но ќе видиме на кои позиции ќе бара нови фудбалери.

Минатото лето Јунајтед направи неколку трансфери, меѓу кои и Хари Магваер и Арон Ван-Бисака, но играта на тимот не напредуваше.