четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јунајтед ќе се ослободи од 12 фудбалери, Тен Хаг има две големи желби

Јунајтед ќе се ослободи од 12 фудбалери, Тен Хаг има две големи желби

Ерик Тен Хаг денес и официјално беше назначен за нов менаџер на Манчестер Јунајтед. Холандскиот стратег на клупата на „ѓаволите“ ќе седне по завршувањето на оваа сезона, а договорот со најтрофејниот премиерлигаш ќе има важност од три години, со можност за продолжување за уште една.

Британскиот весник „Мирор“ објави дека Манчестер летово ќе сака да се ослободи од дури дванаесет играчи. Пол Погба, Немања Матиќ (кој веќе најави дека сигурно заминува), Џеси Лингард, Единсон Кавани, Хуан Мата и Ли Грант се играчи на кои договорот им истекува летово и тие ќе го напуштат клубот. Но, според „Мирор“ на излезни врати се уште шест фудбалери Станува збор за Арон Ван-Бисака, Ерик Бејли, Фил Џонс, Алекс Телес, Ентони Марсијал и Маркус Рашфорд.

Тен Хаг има две големи желби. Првата е Хари Кејн, кого Јунајтед го посакуваше долго време, а покрај него, идниот менаџер на Јунајтед сака да го доведе и Деклан Рајс од Вест Хем. Доколку не успее во тоа има неколку резервни решенија. Ако не стигне дуото Кејн-Рајс, Холанѓанецот ќе се префрли кон услугите на центарфорот на Бенфика, Дарвин Нуњез и португалскиот играч за врска Рубен Невес.

Холанѓанецот на крајот од оваа сезона ќе го наследи актуелниот привремен менаџер Ралф Рангник, а Германецот ќе ја преземе советничката улога.