недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јунајтед може да го продаде Погба на лето доколку не го продолжи договорот

Јунајтед може да го продаде Погба на лето доколку не го продолжи договорот

Манчестер јунајтед може да се раздели со играчот за врска Пол Погба, објави „Дејли мирор“.

Според британскиот весник, фудбалерот ќе биде продаден на лето доколку не го продолжи договорот со клубот.

Претходно, агентот на 27-годишниот Французин, Мино Раиола ја објави желбата на играчот да го смени тимот.

Во тековната сезона, Погба одигра 20 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна два гола и три асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 65 милиони евра. Актуелниот договор на францускиот фудбалер со „црвените ѓаволи“ важи до крајот на јуни 2022 година.