Фудбалерот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ може да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед, пишува „Кориере дело Спорт“.
Според италијанскиот весник, англискиот клуб може уште еднаш да се обиде да го добие потписот на 27-годишниот Србин, кој би можел да стане замена за Пол Погба доколку го напушти клубот.
Милинковиќ-Савиќ оваа сезона забележа 40 настапи за Лацио, постигна девет голови и 10 асистенции.
Порталот „Трансфермаркт“ го цени играчот на 70 милиони евра.