Членови на раководството на Манчестер јунајтед имаа разговори со тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер.
Според добриот познавач на европскиот фудбал, челниците на Јунајтед биле задоволни од нивото на англискиот на 52-годишен Холанѓанец, но при одлучувањето за неговото назначување ќе се земат предвид и многу други фактори.
Забележано е дека Манчестер јунајтед ќе прави интервјуа со други кандидати.
Претходно беше објавено дека во потесниот круг за тренерското место на премиерлигашот од „Олд Трафорд“ се најдоа и Маурицио Покетино од Пари Сен Жермен, Хулен Лопетеги од Севилја и поранешниот менаџер на Барселона, Луис Енрике.