Манчестер јунајтед се обидуваат да го „украдат“ трансферот на Брахим Дијаз во текот на летото, и покрај шпекулациите дека 40 отсто од парите кои би ги дале за фудбалерот на Милан би отишле кај градскиот ривал, Манчестер сити.
23-годишниот Дијаз е формални играч на Реал Мадрид и е на позајмица во Милан, кои пак имаат опција да го направат неговиот договор постојан за 22 милиони евра.
Доколку, Милан се решат да потпишат ваков договор, Реал има опција да го купи за 27 милиони евра, но според шпанскиот весник „Ел конфиденсијал“, Манчестер јунајтед се подготвени за понуда од 55 милиони евра со „ветување“ дека ќе има клучна улога во новиот тим на Ерик Тен Хаг.