четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јунајтед со гол во судиското надополнување избори учество во нокаут фазата во ЛШ

Јунајтед со гол во судиското надополнување избори учество во нокаут фазата во ЛШ

Со голот на Маруан Фелаини во првата минута од судиското надополнување, Манчестер Јунајтед го победи Јанг Бојс и се пласира во елиминациската рунда од фудбалската Лига на шампиони.

Во прилог на Манчестер одеше и победата на Јувентус над Валенсија која на едно коло пред крајот на групната фаза, остана на пет бода зад англискиот великан.

Резултати на натпреварите во Лигата на шампионите, петто коло сегмент Е-Х:
АЕК – Ајакс 0:2
ЦСКА Москва – Плзен 1:2
Рома – Реал Мадрид 0:2
Баерн Минхен – Бенфика 5:1

Хофенхајм – Шахтјор 2:3
Јувентус – Валенсија 1:0
Лион – Манчестер Сити 2:2
Манчестер Јунајтед – Јанг Бојс 1:0.

До сега пласман во следната фаза обезбедија: Баерн, Ајакс, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Рома, Јувентус и Манчестер Јунајтед. За последното место ќе се борат Лион и Шахтјор.

Денеска се играат натпреварите од сегментот А-Д.