Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер по поразот (0:2) од Барнли во 24. коло од првенството на Англиј, истакна дека тимот не дејствувал правилно, но дека дава поддршка на неговите избраници.
-Треба да ги кренеме рацете и да кажеме дека не сторивме доволно. Во првото полувреме создадовме неколку полушанси, но не беа доволно опасни. Противникот беше ефикасен и добро одбрани. Некои играчи на Манчестер за прв пат во животот доживуваат таков период. Кога сте во Манчестер јунајтед, играте во најголемиот и најдобриот клуб на светот. Јас им давам поддршка и ќе помогнам да се надмине овој период, изјави Солскјер.
По синоќешниот пораз Манчестер е петти на табелата со 34 бода, шест помалку од Челзи кој во зоната која обезбедува учество во Лигата на шампионите.