понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јуп Хајнкес на итна операција на срцето

Јуп Хајнкес на итна операција на срцето

Јуп Хајнкес, легендарниот тренер на Баерн Минхен, мораше да замине на итна операција на срцето. Речиси комплетно му биле затворени две артерии во градите, па му биле вградени бајпаси.

„Тоа беа најлошите моменти во мојот живот. Не можев да спијам, се чинеше дека времето застана. Беше ужасно”, изјавил Хејнкес.

По извршениот оперативен зафат, Хејнкес мина две седмици во болница две недели, а сега се чувствува подобро, информираат германските медиуми.

Јуп Хајнкес поради здравствената состојба не замина за Катар на Светското првенство во фудбал.