вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јуве ќе биде во тесно: Влаховиќ го сакаат во Арсенал, но и во великанот од Примера?!

Јуве ќе биде во тесно: Влаховиќ го сакаат во Арсенал, но и во великанот од Примера?!

Деновиве често се шпекулираше дека Арсенал е заинтересиран на лето да го ангажира Душан Влаховиќ од Јувентус, но сега тој интерес се зголемува.

Откако на Јуве му беа откинати 15 бодови, нивната ситуација се комплицира и постои опасност на лето дел од тимот да замине во други клубови.

Од Арсенал постои интерес за Душан Влаховиќ, но сега ново е што во тој лов се вклучува интензивно и Барселона.

Каталонски извори откриваат дека Барселона има план со Влаховиќ и одблиску ги следи случувањата во Торино, пред конечната одлука на лето да конкурираат за неговиот потпис.

Освен Влаховиќ, Барселона на лето размислува и за Локатели и уште неколку други фудбалери кои се на радарот на тренерот Чави.