понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус го испрати од Торина пред две недели, сега го бара назад

Јувентус го испрати од Торина пред две недели, сега го бара назад

Трансфер активноста на Јувентус сигурно е една од најпривлечните на Стариот континент и не само поради звучните имиња кои дојдоа во Торино, како Пол Погба и Анхел Ди Марија, туку и поради циркусот што се случува со Алваро Мората.

Шпанскиот напаѓач беше дел од Јувентус во минатите две сезони како зајмен играч од Атлетико Мадрид. Тој договор заврши на крајот на сезонава и Јувентус го испрати Мората назад во Шпанија, па дури и јавно се збогува со него, објавувајќи „благодариме Алваро“ на социјалните мрежи.

Две недели подоцна излезе вест дека Јувентус го сака истиот Алваро назад ?! Напаѓачот веќе е со Атлетико Мадрид на подготвителната турнеа во САД, меѓутоа како стојат работите тренерот Диего Симеоне немал некоја намера да му даде шанса. Оттука немал против да се врати назад, особено откако „Скај Италија“ пренесе дека Максимилијано Алегри нема воопшто против Мората да дојде повторно. И онака бараше уште еден напаѓач потпора за Душан Влаховиќ, откако Един Џеко одби да дојде.