Јувентус успеа да дојде до две големи засилувања за новата сезона во Анхел Ди Марија и Пол Погба, но како што стојат работите се поверојатно е дека ќе го загубат Матијс Де Лихт.
Голем интерес за него има пред се од Баерн Минхен, но тука е и Челси кој гледа своја шанса со тоа што ако е вистина тоа дека „сините“ се на чекор од потпис со Калиду Кулибали тогаш повеќе од јасно е дека единствената реална опција за Холанѓанецот е бундеслигашот.
Бундеслигашот е загреан и е подготвен да нападне за потписот на стоперот на Јувентус кој некако полека како да се откажува од централниот дефанзивец.
Имено тренерот Масимилијано Алегри порача дека Де Лихт е нивен играч во моментов, но во исто време потенцираше дека и брзо би го замениле во случај да направи трансфер,
-Во фудбалот се може да се случи.Ако си замине, клубот ќе биде подготвен да го замени, -порача директно Алегри.
Матијс има договор со „бјанконерите“ до 30 јуни 2024 година.