среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус се збогува од Роналдо

Јувентус се збогува од Роналдо

Португалската фудбалска ѕвезда минатиот петок си замина од Јувентус, а Манчестер јунајтед тогаш објави дека постигнале договор со италијанскиот клуб за негов трансфер.

Роналдо во 2018 година потпиша за Јувентус, постигна 101 гол додека играше за клубот од Торино.

Јувентус денеска го потврди заминувањето на Роналдо, му се заблагодари, му посака се најдобро во иднина и ги објави бројките за трансферот.

Роналдо е продаден на Манчестер јунајтед за 15 милиони евра плус 8 милиони евра во бонуси.