Португалскиот фудбалер Ренато Санчез, кој настапува за Лил е блиску до трансфер во Торино. Португалецот се поврзуваше со Јувентус и во 2016 година, кога блесна на Европското првенство. Сепак, тој тогаш реши да се пресели во Баерн Минхен.
Во Бундес лигата не се прослави, клубот го испрати на позајмица најпрвин во Свонси, а потоа и во Лил. Францускиот клуб потоа го откупи за 20.000.000 евра. Минатата сезона беше еден од најдобрите во походот кон шампионската титула.
Медиумите во Италија тврдат дека до крајот на месецов ќе започнат преговорите а се шпекулира дека Лил за Санчез ќе побараат 30.000.000 евра од италијанскиот тим.