петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јужна Кореја без најдобриот на Мундијалот?

Јужна Кореја без најдобриот на Мундијалот?

Лоши вести за Тотенхем и репрезентацијата на Јужна Кореја, напаѓачот Сон Хеунг-мин (30) ќе мора да оди на операција на само 18 дена пред почетокот на Светското првенство во Катар.

Сон се здоби со повреда во вторникот вечерта на натпреварот од Лигата на шампионите против Олимпик од Марсеј. Лекарскиот тим на премиерлигашот потврди дека на Сон ќе му биде извршена операција за стабилизирање на скршеницата околу левото око.

– По операцијата, Сон ќе започне со рехабилитација со нашиот медицински тим и навремено ќе ги информираме навивачите за неговата состојба – стои во соопштението на Тотенхем.

Екипата предводена од менаџерот Антонио Конте до почетокот на Мундијалот или до таа пауза ќе игра против Ливерпул и Нотингем форест, додека Јужна Кореја на Мундијалот е во групата „Х“ со Португалија, Гана и Уругвај.

Хеунг-мин за репрезентацијата на Јужна Кореја настапува од 2010 година и до сега има 35 голови од 104 настапи.