четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Како Флорентино Перез му се одмазди на Насер Ал Калаифи

Како Флорентино Перез му се одмазди на Насер Ал Калаифи

Реал Мадрид не успеа да го ангажира Килијан Мбапе во овој преоден рок, претседателот на ПСЖ, Насер Ал Калаифи ги одби сите понуди на Флорентно Перез, но…

Реал Мадрид денеска ќе го комплетира трансферот на големиот француски талент, Камавинга кој доаѓа од Рен.

„АС“ овој трансфер го нарече ладна одмазда на Флорентино Перез кон претседателот на ПСЖ, Насер Ал Калаифи.

Имено, Камавинга беше мета на ПСЖ, но со доаѓањето на Вајналдум, тие решија да го одложат ангажманот на фудбалерот на Рен за следното лето кога тој требаше да дојде кај нив како слободен фудбалер.

Но, откако на Реал Мадрид му стана дека не може да го добие Мбапе ова лето, одлучи да го купи Камавинга од Рен и со тоа да му го расипе планот на ПСЖ за следното лето.

Реал Мадрид секако има потреба од свежа крв во средниот ред, па Камавинга ќе им биде одлично засилување на долгорочни патеки, а следното лето бесплатно ќе го добијат Мбапе.

ПСЖ оваа сезона го има најдобриот преоден рок досега, но следното лето ќе го загуби Мбапе како слободен играч, а не може да го донесе планираното засилување, Камавинга.