вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Каков ден за Миовски во Абердин – два гола и асистенција против Рос Каунти

Каков ден за Миовски во Абердин – два гола и асистенција против Рос Каунти

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски имаше блескав натпревар за Абердин во триумфот (4-0) против Рос Каунти. Тој беше двоен стрелец, а запиша и асистенција на овој меч.

Миовски ја отвори серијата голови во 21.минута, и на крајот ја затвори во 52.минута. Во меѓувреме, му асистираше и на МекГрат во 48.минута за третиот гол на својот тим.