четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Каква глупост на фудбалерот: За неколку секунди доби два жолти картони (ВИДЕО)

Каква глупост на фудбалерот: За неколку секунди доби два жолти картони (ВИДЕО)

Синоќа Бенфика на гостински терен славеше кај Порто во дерби дуелот од 24. коло во португалската лига. Гостите по негатива од 1-0, успеаа да го свртат резултатот и на крај да слават со 1-2.

За Бенфика ова беше исклучиво важна победа со директниот конкурент за титулата, па така сега побегна на два бода предност.

Порто поведа во 18. минута предку Лопез, но веќе во 26. минута Бенфика преку својот голем талент, Жао Фелик израмниа, за да на почетокот на вториот дел Рафа Силва погоди и за 1-2.

Од 78. минута бенфика играше со играч помалку поради глупоста на играчот за врска, Габриел Пирес. Тој практично во неколку секунди доби два жолти картони. Прво го фаулираше Отавио, а кога судијата досуди прекршок, Пирес  агресивно го отурна Отавио.

Веднаш дојде до гужва и туркање меѓу играчите, но судијата брзо ја смири ситуацијата и го исклучи Пирес.

ВИДЕОТО погледнете го ТУКА