петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Каква контрола на топката: Талентот на Барселона со фантастичен прием го седна на тревникот напаѓачот на Билбао (ВИДЕО)

Каква контрола на топката: Талентот на Барселона со фантастичен прием го седна на тревникот напаѓачот на Билбао (ВИДЕО)

Барселона се избори за победа на пеколното гостување на „Сан Мамес“ кај Атлетик Билбао и со тоа направи нов значаен исчекор кон враќање на трофејот од Примера во клупските витрини.

Каталонците славеа со 1-0 со погодокот на Рафиња во финишот на првиот дел, но огромен удел за овој резултат, победата имаше голманот Марк Андре Тер Штеген, но и талентираниот Алехандро Балде кој постојано беше активен, неуморен низ сите 90 минути.

Тој одлично си ја работеше работата како во одбраната така и во нападот, а една негова мајсторија стана вирална и тоа со право. Младиот Балде покажа каква контрола има на топката, поточно како висока и незгодна топка може да ја смири, потег со кој го фрли на тревникот противничкиот напаѓач Нико Вилијамс.