Волверхемптон деновиве го потврди својот нов трансфер, станува збор за играч од Спортинг Лисабон, во прашање е играчот за врска, Матеус Нуњеш.
Клубот од „Молинеу“ се него потпиша договор на пет сезона и успеа да го сруши клупскиот трансфер рекорд, исплатувајки им на Спортинг Лисабон 45 милиони евра.
23 годишниот Нуњеш одигра 101 натпревар за португалската екипа, во кои постигна 8 голови, а со екипата го освои домашното првенство сезоната 2020/21 година.
„Среќни сме што Матеус Нуњеш е наш играч, среќни сме што еден млад и талентиран играч доаѓа во нашите редови“, порача извршниот директор на Волвс, Џеф Ши.
Тој ќе има шанса за деби настап во сабота кога ќе се игра третото коло од Премиерлигата, против Тотенхем.
𝐿𝑖𝑔ℎ𝑡𝑠, 𝑐𝑎𝑚𝑒𝑟𝑎, 𝒂𝒄𝒕𝒊𝒐𝒏!
Welcome, Matheus.
🎬✍️ pic.twitter.com/3wLD0QCLm5
— Wolves (@Wolves) August 17, 2022