вторник, 16. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Какво лудо полувреме во Севиља: Судијата Кулбаков досуди дури четири пенали

Какво лудо полувреме во Севиља: Судијата Кулбаков досуди дури четири пенали

Новата сезона во Лигата на шампионите започна со два натпревари, а едниот од нив е меѓу Севиља и РБ Салцбург каде бевме бевме сведови на навистина лудо полувреме.

Имено судијата Алексеј Кулбаков од Белорусија дури четири пати покажа на белата точка од кои беа искористени само два пенали преку Ракитиќ и Сучиќ.

Прво гостите од Австрија добија три пенали, првиот не го реализираше Адејеми, потоа Сучиќ беше прецизен за да потоа Хрватот го промаши ударот во 37 минута.

На спротивната страна Шпанците во 42 минута добија најстрага казна која во гол ја претвори Ракитиќ.

Инаку ова за прв пат се случува во ЛШ на еден меч да бидат досудени четири удари од 11 метри.