недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Калиниќ одби да го земе сребрениот медал од Мундијалот

Калиниќ одби да го земе сребрениот медал од Мундијалот

Хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ одби да го земе сребрениот медал од Светското првенство, откако на самиот почеток на турнирот во Русија беше избркан од репрезентацијата.

Селекторот Златко Далиќ и неговите соиграчи одлучиле Калиниќ да добие медал, иако одби да влезе во игра против Нигерија (2:0).

– Ви благодарам, но јас не играв во Русија, порача Калиниќ и се заблагодари на гестот на неговите соиграчи.

Калиниќ во наредниве денови би требало да го комплетира трансферот во Атлетико Мадрид за 20 милиони евра.

Хрватска заврши на второто место на Мундијалот, а тоа е најголемиот успех во историјата на „ватрените“.