недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кан објасни зошто се премисли и го продаде Левандовски на Барселона

Кан објасни зошто се премисли и го продаде Левандовски на Барселона

Оливер Кан цврсто тврдеше дека Баерн Минхен нема да го продава Роберт Левандовски за ниту една сума и дека ќе го натера Полјакот да ја доработи последната година од договорот, сценарио кое сепак не се случи.

Баерн Минхен и Барселона вчеравечер доцна во ноќта постигнаа договор и напаѓачот прави трансфер на „Камп Ноу“ за сума од 50 милиони евра, па откако сите главни структури во германскиот клуб ја потврдија зделката, пристигна прва изјава од извршниот директор на баварците.

– Пред два месеци немавме ниту една понуда за Левандовски и немаше зошто да размислуваме за трансфер. Оттогаш, ситуацијата драстично се промени, особено последните денови. На крајот, Барселона испрати понудата која е крајно прифатлива и разумна за нас. Исто така, во последно време бевме многу успешни на трансфер пазарот и добивме играч од светска класа како Мане, но и Гравенберх и Мазрауи.

– Постигнавме договоро со Барселона, се е договорено вербално, сега треба да се стави и на хартија. Мојата цел секогаш е да го барам најдоброто за Баерн, секогаш бевме во најповолна ситуација во овие преговори и на крајот проценивме дека е најдобро да му дадеме дозвола на Леви да си замине. Го променивме мислењето бидејќи тврдоглавоста и покажување на его е нешто што јас го сметам за слабост. Го направивме најдоброто за Баерн и му ја исполнивме желбата на Роберт, – изјави Кан, а пристигна изјава и од Пини Захави, агентот на Левандовски.

– Сакам да му се заблагодарам на Баерн Минхен, а особено на Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ кои сфатија и ја почитуваат одлуката на Роберт за исполнување на сонот за нов предизвик во кариерата, – изјави Захави.