недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Канатларовски: Нѐ чекаат многу важни мечеви!

Канатларовски: Нѐ чекаат многу важни мечеви!

Селекторот на македонската младинска фудбалска репрезентација Драги Канатларовски – Цапар го објави денеска списокот од 23 фудбалери за претстојниот претпоследен циклус во овие евроквалификации, за пресметките со Србија на 24 март во Белград и со Фарските Острови на 29 март на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Македонија е трета во евроквалификациската група со шест бода од шест меча, седум заостаток зад вторат Украина, на четири кола до крајот на овој циклус.

„Нѐ очекуваат два натпревари кои се од исклучителна важност за нашата репрезентација. Радува фактот што сите фудбалери се здрави и подготвени за настап. Се надевам дека така ќе остане и по одигрувањето на кругот клупски натпревари пред почетокот на репрезентативните обврски.На списокот беа повикани и фудбалерите Дашмир Елези од Шкендија и Стефан Тасев од Македонија Ѓ.П., но по консултации со селекторот Неџат Шабани, решивме дека во овој период двајцата может да дадат многу поголем придонес во националниот тим до 19 години на силниот турнир што ги очекува во Португалија”. “, вели Канатларовски.

Прв предизвик е Србија со која во Охрид ремизиравме 0-0, а северниот сосед има лоши квалификации досега и е претпоследна во групата со пет бода од шест меча. Фарските острови, пак, во Торшаун нѐ изненадија, но сега црвено-жолтите се фаворити за победа која мора да ја остварат.

„Првиот меч го играме против Србија во Белград, сакаме да се надигруваме против силни репрезентаци како нашиот северен сосед и се надевам на позитивен резултат. Србија е одличена репрезентација, имаат нов селектор и сигурно дека имаат голема желба победа, меѓутоа ние имаме свои цели за натпреварот и се разбира дека се стремиме да победиме. Против Фарски Острови нѐ очекува уште еден тежок натпревар, Противникот е незгоден, иако сме фаворити на хартија. Не смееме да ги потцениме бидејќи докажаа во овие квалификации дека можат да се надигруваат со фаворитите во групата. Одиграа нерешено против моќната селекција на Франција и против Србија“, додава Канатларовски.

ГОЛМАНИ: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Борец 1919), Дамјан Серафимов (Охрид Лихнидос);

ОДБРАНА: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи 1927), Стефан Наумчевски (Тиквеш), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Бесир Исени (Струга Трим Љум), Јован Манев (Брегалница), Виктор Крстевски (Гостивар);

СРЕДЕН РЕД: Алекс Златков (Триглав Крањ, Словенија), Димитар Тодоровски (Работнички), Енис Фазлагиќ (Висла Краков, Полска), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.), Томче Гроздановски (Дугопоље, Словенија), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Бојан Димовски (Академија Пандев), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Лука Станковски (Газиантеп, Турција);

НАПАД: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември), Методи Максимов (Работнички);