Барселона игра доста тешко, непрепознатливо во оваа сезона, резултатите се далеку од посакуваното, па под голем притисок е тренерот Роналд Куман.
Холанѓанецот во неколку наврати се спасува од отказ, меѓутоа се чини само прашање е кога тоа ќе се случи или поточно му е дадена уште една шанса од претседателот Жоан Лапорта и неговите соработници, да се вратат повредените играчи и да покаже дали со нив може да ја промени моменталната ситуација.
Во меѓувреме се споменуваат неколку имиња како потенцијални наследници на Куман, а во таа група се Чави Ернандез, Андреа Пирло, Роберто Мартинез, Марсело Галјардо… Некои демантираа дека ќе дојдат на „Камп Ноу“, меѓутоа засега се останува отворено, па на оваа тема својот став го искажа легендарниот италијански дефанзивец Фабио Канаваро.
-Без Меси, сe е потешко. Тренерот ќе биде од фундаментално значање. Читав за Пирло, но мислам дека ќе му се јават на Чави. На нив им треба некој што ги знае вредностите на клубот, -вели Фабио кој има интересен став за стилот на игра.
-Ова е еволуција на играта. Училиштето што јас го нарекувам Гвардиола кое подоцна беше искористено од репрезентацијата, во основа го промени стилот на фудбалот, но сега играта е многу побрза. Полесно е да се најде дечко кој има 1,90 и кој е физички силен, отколку талент како Меси, Чави, Иниеста. Тие беа единствени. Сега, за да се изгради тим, полесно е да се бараат силни, брзи играчи и клубови мораа да го преминат патот за да ги најдат. Ова е друг стил на фудбал, -дополни Италијанецот.