На францускиот играч за врска Нголо Канте му истекува договорот со Челзи на крајот на оваа сезона и ќе стане слободен фудбалер.
Неофицијално Канте се договорил за трансфер во Арсенал и тоа договор на две години со клубот од северен Лондон.
Од Шпанија пристигнуваат информации дека Канте нема да оди во Барселона, како што се тврдеше претходно, туку сакал да остане во Англија, поточно во Лондон, а најпримамлива му била понудата на Арсенал. Канте има 32 години, оваа сезона ретко игра за Челзи, а претходно ги бранеше боите на Лестер.