Селекторот на ерменската фудбалска репрезентација Хоакин Капарос најавува дека неговата екипа ќе игра на победа на гостувањето во Македонија.
„Ние знаеме дека со напорна работа може да се стигне до големите настани, како што е Мундијалот. Навистина дека Македонија има нов селектор, но поголемиот дел од фудбалерите се оние кои беа на Европското првенство. Знам дека има неколку млади фудбалери, но тоа е развојот на секоја репрезентација. Многу ја почитуваме Македонија, но ние сакаме да стигнеме до позитивен резултат и играме на ниво кое ни овозможува добра шанса за тоа. Дојдовме во Скопје за да прикажеме тимска игра. Михтарјан е голем талент и важен играч за нас. Екипата секогаш е подобра со него и неговото присуство ќе влијае врз нашата игра. Без разлика како ќе игра Македонија, многу работи ќе зависат од нас“, смета шпанскиот стратег.
Благоја Милевски ќе го има дебито и ќе се обиде со позитивен резултат да ја започне работата во сениорската репрезентација.