Фабио Капело реализирал интервју со шпански „АС“, во кое зборувал на различни теми, вклучувајќи ги и тие поврзани со неговиот поранешен клуб Реал Мадрид.
Најголемата промена во редовите на шпанскиот великан ова лето ќе биде заминувањето на досегашниот капитен Серхио Рамос, а Капело смета дека дефанзивецот веројатно не требало да претерува со условите за продолжување на договорот.
– Годините се товар за секого.
– Не знам дали веќе би бил и стартер за Реал. Зборуваме за фудбалер кого многу го почитувам и на кого му помогнав кога дојде во Мадрид.
– Сепак, на 35-годишна возраст можеби не требало да претерува со побарувањата и условите за продолжување на договорот, – изјавил Капело.
Италијанецот алудира на деталите од преговорите кои ги откри Рамос, а според кои тој инсистирал на двегодишен договор, па откако решил да прифати и едногодишно продолжување, клубот го информирал дека понудата е повлечена.