четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Капитенот на Арсенал ја бојкотира американската турнеја

Капитенот на Арсенал ја бојкотира американската турнеја

Капитенот на Арсенал, Лоран Кошчелни, одби да патува со тимот на претсезонската турнеја во САД, објавија официјално од лондонскиот тим. Најверојатно ова е поврзано со желбата на 33-годишниот дефанзивец да ја напушти екипата. Се вели дека за него има понуди од Борусија (Дортмунд) и Бордо.

– Ние сме разочарани од активностите на Лоран, кои се во спротивност со нашите јасни барања. Се надеваме дека ќе го решиме овој проблем и повеќе нема да коментираме на оваа тема“, споделија од Арсенал.

Според тимот, Кошчелни сака да се врати во Франција и да го носи тимот на Бордо. Се претпоставува дека „топџиите“ може да извлечат околу 10 милиони евра за него. Има информации дека тој сакал неговиот договор да биде прекинат.

Пред неколку дена, „жирондинците“ го продадоа својот централен дефанзивец Жул Кунде во Севиља за 25 милиони евра и бараат засилување на овој пост.