Капитенот на белгиската репрезентација, Јан Вертонген е разочаран откако беше елиминиран во четвртфиналето на Европското првенство.
„Црвените ѓаволи“ беа поразени од италијанскиот тим со 2: 1 на „Алијанц Арена“, а Вертонген тврди дека овој пораз е навистина болен.
“Тажен сум. Овој пораз многу боли и ја испуштивме шансата да ја земеме титулата, исто како и на претходните турнири”, рече Јан Вертонген и продолжи:
“Кога ќе го анализирате натпреварот, ќе видите дека премногу лесно примивме голови, како и дека ги пропуштивме нашите шанси. Отпаднавме и тоа е тоа”.
Тој не сакаше премногу да им оддаде признание на Италијанците за триумфот на овој натпревар.
“Не сакам да им давам признание. Тие ме изнервираа на крајот од играта со своето однесување и кражба на време. Сепак, не сакам да имам ниту било какви изговори. Примивме голови од грешки, пропуштивме шанси, тоа боли “, рече Вертонген.