сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Капитенот на Лутон колабираше на теренот, па пласманот во Премиер лигата од болнички кревет (ФОТО)

Капитенот на Лутон колабираше на теренот, па пласманот во Премиер лигата од болнички кревет (ФОТО)

Финалето во Чемпионшип лигата е најскап фудбалски меч во светот веќе неколку години и на победникот му носи заработка од 180 милиони фунти, сума која сега заминува кај Лутон кој беше подобар од Ковентри на „Вембли“ и се пласираше во Премиер лигата.

По пауза од 31 година, Лутон се враќа во фудбалската елита и за првпат ќе заигра откако Првата лига се ребрендираше во Премиер лига, но големиот успех беше одбележан и од еден непријатен и страшен момент кој им ја заледи крвта на сите присутни.

Капитенот Том Локјер колабираше на теренот без да има контакт со противнички фудбалери и падна во бессознание, а тоа беше јасен аларм дека станува збор за нешто сериозно. Натпреварот беше неколку минути во прекин и лекарските служби брзо успеаја да го освестат капитенот на Лутон, кој потоа со носилки и на кислородна поддршка беше изнесен од теренот и испратен во болница.

Лутон за време на финалето сподели дека Том е во добра здравствена состојба во болница, а по големата победа во пенал рулетот, неговиот татко откри дека имало победничко славје во неговата болничка соба.

– Тука е таткото на Том. Том е во ред. Многу е среќен, но и тажен што не може да биде таму со соиграчите. Еве го моментот……