Капитенот на Швајцарија, Стефан Лихштајнер голот на својот тим го прослави на ист начин како и Џердан Шакири и Гранит Џака, покажувајќи двоглав орел со рацете, што швајцарската јавност ја остави во што тој е познат како некој кој многу ја сака земјата во која е роден.
Фудбалската јавност е згрозена со срамните провокации на етничките Албанците од редовите на репрезентацијата на Швајцарија. Џердан Шакири и Гранит Џака на скандалозен начин ги прославија головите на мечот против репрезентацијата на Србија. Двајцата головите ги прославија вкрстувајќи ги рацете и така со рацете формирајќи двоглав орел.
Како швајцарските, така и светските медиуми сметаат дека гестот на репрезентативците на Швајцарија бил чиста провокација и згрозени што се фудбалерите на тој начин ја донеле политиката на Светското првенство.
Меѓутоа, она што сите не го забележаа е начинот на кој капитенот на Швајцарија, Стефан Лихштајнер ги славеше головите на својата репрезентација. Тој им притрча на соиграчите и баш како Џака и Шакири, ги склопи дланките во поза на орел и викаше кон навивачите.
In case you’ve missed it,
We eagle-ised captain Lichtsteiner as well 🙂#SRBSWI #Worldcup2018Russia #Xhaka #Shaqiri pic.twitter.com/yhuVgvolsE— Lumir Abdixhiku (@Abdixhiku) June 22, 2018
Неговата прослава јасно се виде и на телевизиските снимки прикажани во швајцарските медиуми, кои инаку го критикуваат националистичкиот испад на Џака и Шакири, но очигледно не сакаа да видат дека истата работа ја направи и нивниот Швајцарец, Стефан Лихштајнер.
Но, зошто? Зошто тоа го направи човекот кој во повеќе наврати за швајцарските медиуми изјавуваше дека ја сака земјата во која е роден, а тоа е Швајцарија. Како преку ноќ тој стана истото што се и Шакири и Џака.
Лихштајнер пролетта 2015 година во едно интервјуи кажа дека во националниот тим има „прави и оние други Швајцарци“, нагласувајќи дека „сите членови на репрезентацијата би требало да се идентификуваат со репрезентацијата“. Тоа интервју предизвика бројни полемики, а дефанзивецот помина низ вистински мал пекол.
Во дел од јавноста беше окарактеризиран како „Бунзли“ Швајцарец, која го коренот има термин „швајцарски Германец“, но се користи за некој кој е „глупав“.
Лихштајнер е просто воден од амбицијата, сака успех. Оствари многу повеќе во кариерата од просечен швајцарски фудбалер, освои многу титули со Јувентус, беше учесник на ЕУРО 2008, како и Мундијалите во 2010 и 2014 година. Знае тој кои проблеми можат да и се случат на екипата, какви стравови може да се јават ако не се пристапи на вистински начин. Но, неговите изјави биле впрочем предизвик за играчите, тренерите и врвот во федерацијата. Тој предизвика нови тензии, но тој трагаше за разрешување на моменталната ситуација, наведува швајцарскиот весник.
-Зар тој, капитенот наш, националист?, се прашуваат во Швајцарија, неговиот одговор беше следниот:
-Џака и Шакири се одлични момци. Зборев и со нив и со нивните татковци. Ми објаснија како тие гледаат на она што го минале во животот. Имаат двојно државјанство и не мислам дека Швајцарија има проблем со тоа. Што се однесува до онаа солидарност со нив после головите… Не можеме ние во потполност да разбереме што Џака и Шакири чувствуваат. Но, можеме да им помогнеме, ставот е на капитенот на Швајцарија.
Инаку, со головите на Шакири и Џака Швајцарија успеа да ја сруши Србија, а нивната прослава предизвика коментари секаде во светските медиуми, посебно во Швајцарија и тука на Балканот.