Поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, кој работи како стручен коментатор за „Скај спорт“, го анализирал придонесот на Кристијано Роналдо во победата над Барнли (2:0). Карагер смета дека квалитетот на Португалецот не е спорен, но дека Манчестер јунајтед не треба да го задржат во клубот по завршувањето на сезоната.
„Секако дека никој не го оспорува неговиот квалитет. Непроценлив беше неговиот придонес во победата над Брајтон. Повторно видовме и каква страст има кон фудбалот. Сепак тоа не може да ја смени реалноста. Јунајтед се наоѓа во фаза на формирање на нов тим, челниците направија грешка кога го вратија Роналдо. Ќе направат уште поголема грешка доколку го задржат за наредната сезона. Што и да се случува, дали Јунајтед ќе победи или ќе биде поразен, дали Роналдо ќе постигне гол или ќе прекине голгетерски пост и понатаму многу повеќе се зборува за брендот „КР7“, а недоволно се зборува за тимот“, рекол Карагер.