петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Каранка нов менаџер на Нотингем

Каранка нов менаџер на Нотингем

Двократниот европски шампион Нотингем Форест, кој го елиминира Арсенал во третиот круг од Купот на Англија, за нов менаџер го назначи Шпанецот Аитор Каранка де ла Хоз.

Нотингем кој се натпреварува во Чемпионшип дивизијата, сензационално го елиминира Арсенал од купот со 4:2 во неделата, а во овој натпревар тимот беше воден од привремениот менаџер Гери Бразил.

Каранка, поранешен фудбалер на Реал Мадрид и Атлетик Билбао, последен пат беше на чело на Мидлзборо, но беше ослободен минатата сезона, откако тимот испадна од елитата.