Голманот Лорис Кариус и официјално е нов член на Бешикташ.
Тој за турскиот клуб ќе настапува во следните две сезони како позајмен играч од страна на Ливерпул, а по две години Бешикташ ќе има можност да го откупи неговиот договор.
Кариус во Истанбул дојде откако турскиот клуб остана без својот прв голман Фабрисио Рамирез, кој замина во Фулам.