Лорис Кариус имаше неславна епизода во Ливерпул, епизода која заврши со позајмици во Унион Берлин и Бешикташ по што остана како член на „црвените“ до истекот на договорот кој истекува оваа лето.
Во моментов тој е без клуб како слободен агент, но според англиските медиуми тоа набрзо ќе се промени и тој ќе направи неочекувам камбек во Премиер лигата и тоа во редовите на Њукасл.
Изборот паднал врз Кариус кој ќе биде привремено решение, поддршка за Ник Поуп кој брани во извонредна форма.Се очекува 29-годишниот Германец да се најде на клупата за резерви на пресметката против Вест Хем.